Земјите од ЈИЕ кориснички на ИПАРД бараат поедноставно аплицирање

Bez autora
Mar 15 2012

Обезбедувањето доволно финансии за конкретни проекти кои би повлекле пари од ИПАРД Програмата се уште претставува проблем за домашните компании и земјоделци, особено во овој период, по глобалната економска криза. Но, надлежните институции, како што изјави директорот на Платежната агенција Тони Димовски, прават се што можат да им излезат во пресрет. Во комуникација сме со Комората на банкарите за олеснувања во делот на аплицирањето и трошоците за подготовка на проектите, но и за подобри услови за кредитирање на земјоделците. Веќе има конкретни примери од одредени банки. Се надевам дека тоа наскоро ќе го следат и останатите. Тој најави дека шестиот јавен повик за ИПАРД средствата што беше најавен за крајот на февруари, ќе се објави овој месец или во почетокот на април. За периодот 2007 - 2011 година Македонија имаше на располагање околу 50 милиони евра.

Земјите од ЈИЕ кориснички на ИПАРД бараат поедноставно аплицирањеОбезбедувањето доволно финансии за конкретни проекти кои би повлекле пари од ИПАРД Програмата се уште претставува проблем за домашните компании и земјоделци, особено во овој период, по глобалната економска криза.

Но, надлежните институции, како што изјави директорот на Платежната агенција Тони Димовски, прават се што можат да им излезат во пресрет.

- Во комуникација сме со Комората на банкарите за олеснувања во делот на аплицирањето и трошоците за подготовка на проектите, но и за подобри услови за кредитирање на земјоделците. Веќе има конкретни примери од одредени банки. Се надевам дека тоа наскоро ќе го следат и останатите - рече Димовски по состанокот на директорите на платежните агенции на земјите од Југоисточна Европа, земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ.

Тој најави дека шестиот јавен повик за ИПАРД средствата што беше најавен за крајот на февруари, ќе се објави овој месец или во почетокот на април. За периодот 2007 - 2011 година Македонија имаше на располагање околу 50 милиони евра. До 2013 година овој број ќе се зголеми на 80 милиони евра од буџетот на ЕУ и плус 20 милиони кофинансирање од националниот буџет, средства кои допрва треба да бидат одобрени. Дел од проектираната вкупна сума веќе се користи со оглед дека по досега реализираните четири јавни повици Агенцијата склучи 125 договори.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik